Triangle пневматици

Квалитетен кинески триаголник

Формиран во 1975 година Triangle Tyre Co. е најголемиот  кинески производител на пневматици. Од широката палета на производи, посебно внимание се посветува на комерцијалниот програм на пневматици односно на производи наменети за камиони и автобуси


Почитувајќи ги фундаменталните вредности: чесност, иновативност, развој и лубов, Triangle Tires – компанијата, ја испонува мисијата која најдобро се огледа низ трите основни принципи:

  • обезбедување на највредни производи и услуги
  • континуиран развој почитувајчи ги ефикасноста и општествената одговорност
  • мотивирање и стимулирање на вработените

Кинезите се уверени дека тоа е вистинскиот начин за успех на пробирливиот светски пазар. Стекнатите позиции и изградениот имиџ во целост ја потврдуваат исправноста на нивниот пристап. Но патот до потрошувачите од 160 земји разместени низ сите континенти, води преку напорна работа и постојани вложувања. Погледот во тој правец не води до најголемиот истражувачки центар, тесната поврзаност со врвните научни институти, поставувањето на нови, повисоки меѓународни стандарди како и до R & D центри сместени во најразвиените технолошки центри.

Triangle_TR689A__84763.1414005601.1280.1280Резултатот од тој пристап е потполно очекуван: во производната гама на Triangle Tires се застапени пневматици за патнички автомобили, лесни комерцијални возила, товарни возила и автобуси, работни машини како и пневматици за посебни потреби. Широката лепеза на производи додатно се проширува со исполнувањето на посебните стандарди кои важат на одредени пазари а уште повеќе со понудата на гуми кои се специфицирани според временската сезона (зимски, летни, за сите сезони) потоа според карактерот на возилото (стандардно, спортско, SUV, …). Технолошките капацитети водечкиот кинески производител ги демонстрира преку понудата на цела палета на продукти наменети за работни машини при што соработката со гигантите од типот на Caterpillar, Terex, Doosan и Hyundai е референца која се обидуваат да ја достигнат многу реномирани производители.

Во Trinagle Tires посебно се горди на изработката на OTR (Off-The-Road) и Jumbo OTR пневматици, наменети за специјални потреби и најтешки услови на експлоатација. Дали пристапот со целосно почитување на пазарните услови, континуирано ангажирање на голем чевечки и финансиски потенцијал и прилагодување на производите спрема потребите на своите потрошувачи, ги дава саканите резултати? Одговорот е краток: ДА, секако!

triangle_g2-offroad-truck_1000x1600_2015-08-07_v05_sj.indd